Споредба на податоци од домашна и мобилна мрежа

Разберете како се разликува поврзувањето на домашна и на мобилна мрежа за да заштедите пари.

Како се разликуваат податоците на домашната мрежа од податоците на мобилната мрежа?

Повеќето луѓе имаат две различни и одделни интернет врски:

  • домашна податочна мрежа што сите во домот можат да ја споделуваат
  • мобилна податочна мрежа, којашто функционира само на вашиот мобилен телефон кога сте надвор.

Податоците за поврзување на интернет во домот и поврзување на интернет од мобилниот уред доаѓаат од различни места.

  • Податоците за поврзување на интернет во домот доаѓаат од вашиот домашен рутер и сите апарати во вашиот дом ги користат нив.
  • Податоците за поврзување на интернет од мобилен уред доаѓаат до вашиот телефон од најблиската станица за мобилна телефонија. Податоците за поврзување на интернет од мобилен уред може да ги користи само вашиот мобилен телефон.
  • Ќе имате одделно количество податоци за мобилниот телефон и за домашниот интернет. Дури и ако давателот на услуги за интернет ви даде пакет за домашен интернет и мобилен телефон во една сметка, количеството податоци за секоја услуга ќе биде одделно.
Илустрација од различни видови извори на податоци.

Колку податоци добивате за вашите пари?

Пакетот за мобилни податоци обично има помалку податоци отколку пакетот за интернет во домот. Иако секоја компанија наплаќа различно, еве една општа процена колку податоци можете да очекувате за парите што ги плаќате.

Пакет за домашен интернет:

  • 50$ месечно: 500GB
  • 100$ месечно: неограничено.

Пакет за мобилни податоци:

  • 50$ месечно: 10-15GB
  • 100$ месечно: 40-100GB.

Какви видови податоци користат моите различни уреди?

Различните уреди користат еден од двата вида податоци – домашен интернет и мобилни податоци. Еве еден список со вообичаени уреди што користат некаков вид податоци.

Податоци за поврзување на интернет во домот

Уредите вообичаено наменети за употреба во домот користат домашен интернет и тие може да бидат:

  • десктоп компјутери
  • лаптопи
  • паметни ТВ-уреди
  • таблети
  • безжични звучници
  • паметни домашни апарати, како фрижидери или безбедносни камери.

Мобилни податоци за поврзување на интернет

Апаратите што се главно наменети за употреба надвор од дома, користат мобилни податоци, а тие се:

  • мобилни телефони
  • некои лаптопи
  • некои таблети
  • некои паметни часовници
  • некои медицински уреди за предупредување.

Домашни и мобилни интернет-податоци

Меѓутоа, некои апарати може да користат домашни и мобилни интернет-податоци. Тие апарати може да бидат програмирани да се вклучуваат автоматски на најсилниот сигнал, за да можете да останете вклучени на интернет без оглед каде се наоѓате. Тие апарати се:

  • мобилни телефони
  • некои лаптопи
  • некои таблети.

Како да користите Wi-Fi за да заштедите мобилни податоци

Ако го поставите телефонот да се поврзи на домашната Wi-Fi мрежа секогаш кога се наоѓате дома, то е добар начин да заштедите мобилни податоци. Мобилните податоци се многу поскапи од домашните, и кога ја користите домашната Wi-Fi мрежа, штедите на мобилни податоци што можете да ги користите кога сте надвор од дома. За да го поставите мобилниот телефон да ја користите домашната Wi-Fi мрежа, постојат неколку основни чекори:

  • активирајте ја домашната Wi-Fi во поставките на телефонот
  • најдете го името на Wi-Fi мрежата во списокот со мрежи и изберете ја
  • напишете ја лозинката на домашната Wi-Fi мрежа, којашто можете да ја најдете на долниот дел на рутерот или на специјалната картичка што ви ја дава давателот на услуги за интернет во домот
  • кога ќе го направите тоа, секогаш кога ќе пристигнувате дома, телефонот автоматски ќе се поврзува на домашната Wi-Fi мрежа.